Првиот човек на полскиот шампион, Бертус Сервас, за „Спортове факти“ го даде своето мислење за одредени ракометари, а негова мета беше и поранешниот вардарец, Хрватот Игор Карачиќ.
-Игор имаше одличен старт, потоа следуваше повреда и тој не беше истиот ракометар кога се врати на терените. Сакам да видам дали навистина му значи дресот на Киелце, рече Сервас.
Договорот на хрватскиот репрезентативец со Киелце истакува во јуни 2022 година, а со оглед на фактот што раководството на тимот е во потрага по нов среден бек, тамошните медиуми почнаа да шпекулираат дека Карачиќ нема да добие продолжување на соработката.