Каков ни е животот денес, таква ни е музиката што ја слушаат млади луѓе, затоа секој може да наполни “Арена”

938

Македонската музичка ѕвезда Калиопи Букле неодамна крена прав, со гостувањето во српската емисија „Исповед“. Најмногу поради тврдењето дека „денес секој може да ја наполни спортската Арена“. Калиопи, веројатно, алудира на пејачката Александра Пријовиќ, која како од шега неодамна петпати ја наполни загрепската „Арена“. Тоа е само претпоставка,  Калиопи не го кажа името на пејачката или пејачот на кој тоа би се однесувало. Исто така, Калиопи на изненадување на сите одбива да снима дуети со колегите, иако пред некој месец имаше успешно снимено дуетска песна со Жељко Самарџиќ

– Секој денес може да наполни арена, тоа стана нормално, а порано беше вистинска реткост. Јас останав верна на мојот музички правец затоа што сакам да правам музика според мојот сензибилитет. Не „купувам“ нови трендови и жанрови кои се популарни. Младите очигледно тоа интензивно го слушаат. Каков ни е животот денес, таква ни е и музиката! Па, и “Арените” се полни.

Што се однесува до дуетите со колегите ги одбив сите. Не затоа што го кревам носот, туку затоа што не се гледам себеси во тоа, објасни популарната Калиопи, која и после толку многу години присутноста на естрадата остана верна на својот музички вкус.