Во следните денови времето ќе биде стабилно, утре и во петок наутро ќе има појава на магла по котлините. Во петок и на почетокот на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка.
Во недела се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен.
Минималната температура ќе се спушти до минус два, а масималната дневна ќе достигне 17 степени.