И после сè: Брејк отвора ново радио, ќе се вика Радио-Естрада и ќе емитува исклучиво народна музика

1518

Еурека!

Четириесет и петгодишниот Дарко Гелев-Брејк, скопски градски лик, музичар и бизнисмен, повторно пријатно изненадува. По испеаните песни „Во бестрага“, „Само ти“, „И после сè“…, кои станаа нераскинлив дел од македонската поп-сцена, сега влегува во фолк-водите. Додуша нема да пее новокомпонирани песни, туку, преку своето ново радио, ќе емитува квалитетна, народна музика. Дали тоа значи дека секогаш снаодливиот Брејк ќе ја „спасува“ македонската естрадна сцена, ќе видиме.

А, според него, нашата сцена сега е полна со кич, со некои од фрустрирани пејачи, со празно парадирање, а најмалку со квалитет. Но, нему не му пречи тоа, бидејќи е исто и на светската естрадна сцена. Само публиката е таа што непогрешливо избира и селектира што ќе слуша.

Сепак, обожувајќи ја македонската естрада, таква каква што е, Брејк сега ќе ѝ понуди радио со народни песни. Можеби, звучи како „научна фантастика“, но вистината е таа дека Македонците многу ја сакаат народната песна. Ги слушаат фолк-пејачите, а со тоа ја љубат и кафеаната, како некое култно место во кое се создаваат и пријателства и љубовни врски. Нема сомнеж дека Брејк направи вистински потег со новото радио и дека слушателите ќе уживаат во избрани фолк-хитови.    Д.М.