Ракометарите на Еурофарм Пелистер и по десеттото одиграно коло во Лигата на шампионите останаа на „нула“ во групата А, бидејќи од Битола со бодови си замина и екипата на Загреб (22:23).

Пелистерци загубија нова драма во својот храм, откако не успеаја до крај да се носат со фаворизираниот противник и одново останаа со кратки ракави во елитата. Најголема заслуга за вечерашната победа на хрватскиот тим има голманот Мандиќ, кој блесна на голот и зад своето име собра неверојатни 20 интервенции.

По зимската пауза Еурофарм Пелистер на 14 февруари ќе го пречека ПСЖ, додека Загреб гостува кај Алборг.