ИТ експертите изземени од мобилизацијата во Русија, сепак масовно ја напуштаат земјата

860
И покрај официјалните уверувања на руските власти дека вработените од технолошките струки нема да бидат мобилизирани за војната со Украина, руските ИТ експерти заминуваат во странство за да ја избегнат војната мобилизација, предупредија главните луѓе на рускиот ИТ сектор.

Во извештајнот на Ројтерс се наведува дека минстерството за дигитална технологија на Русија соопшти дека клучните ИТ експерти ќе бидат изземени од мобилизацијата откако околу 70.000 вработени во ИТ секторот наводно ја напуштиле Русија.

Во известувањето на руската медиска група РБС го цитира Николај Комлев, директорот на здружрението на ИТ индустријата, кој кажа дека новиот одлив на ИТ персонал наскоро би можел да биде два до три пати поголем од досегашниот.

Министерството за дигитална технологија се потруди да им помогне на клучните технолошки работници да ја избегнат мобилизацијата и вчера издаде насоки во кои е детално опишано како одредени професионалнци можат да ја избегнат воената обврска.

Во насоките се опфатени 195 ИТ и комуникациски професии, вклучително работни места во науката, енергетиката, транспортот и медиумите.