Изречени над 20 казни за непрописно управување електрични тротинети во Тетово

60

Во изминатите два месеца, јули и август, на подрачјето на Тетово биле изречени над 20 казни на лица што непрописно управувале електрични тротинети, кои најмногу се однесувале на движење по коловоз, а не по велосипедски патеки или тротоари.

Од СВР Тетово соопштија дека на оние што ги управувале тротинетите изготвени им се поднесоци со глоби од 50 до 80 евра во денарска противвредност, а доколку станува збор за деца, предвидена е глоба од 120 евра и за нивните родители.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува сопствениците на електрични тротинети да не се движат по коловоз, да не превезуваат и други лица или предмети, да не ги водат со себе своите миленици додека се движат и така натаму.

– Во наредниот период контролите на оваа категорија учесници во сообраќајот значително ќе се засилат дотолку повеќе што тие често предизвикуваат мешаници на пофреквентните улици, особено во вечерните часови кога потешко се забележуваат – потенцираат од СВР Тетово.