Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја презедоа одговорноста за смртоносниот напад на бегалскиот камп во Џабалија.
Портпаролот на израелските одбранбени сили, потполковник Ричард Хехт изјави за Си-Ен-Ен дека командантот на Хамас, кој беше цел на воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, „се крие, како што тоа го прави Хамас, зад цивилите“.
Според властите во Газа под контрола на Хамас, нападот предизвика многу жртви во Џабалија, најголемиот бегалски камп во Газа.
Портпаролот беше прашан за невините цивили во бегалскиот камп. „Ова е трагедијата на војната“, одговори тој. Тој го повтори повикот до ИД за евакуација. „Бараме од цивилите кои не се во Хамас да одат на југ“, рече тој. Тој додаде дека командантот на Хамас кој бил цел на нападот „убил многу Израелци“.
„Тоа е многу комплицирано бојно поле“, рече Хехт за областа погодена од ИДФ. „Таму може да има инфраструктура, тунели. Ние го проучуваме и (ќе ви даваме повеќе информации како што поминува времето), рече тој.