Изложба „Арт Фем“ во Крива Паланка

68

Во Општина Крива Паланка денеска ќе биде отворена изложбата „Арт Фем“ на Дороти Пачкова.

„Арт Фем“ проектот е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културно-уметнички живот.

На изложбата ќе бидат изложени уметнички дела на Пачкова, настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во Македонија, со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеховина и Црна Гора.

Со ова се започнува претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја, со поддршка на Министерство за култура преку Нов културен бран 2019, и секторот за спорт и млади при град Скопје и Градски Музеј на Крива Паланка.