Издадени 23 одобренија за градба, од јуни заклучно со ноември

98

Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените правосилни одобренија за градење, доградба и надградба и линиска инфраструктура на територија на општината.

Од месец јуни, заклучно со ноември 2023 година, издадени се вкупно 23 правосилни одобренија за градба, од кои 22 се одобренија за градба и едно одобрение е за доградба/надградба на веќе постоечки објекти.

Општина Центар е првата општина во државата која ја воспостави оваа практика со објавување на издадените одобренија за градење, истовремено поставувајќи позитивен пример и за останатите општини како во Скопје, така и во целата земја.