Кога времето е неподносливо жешко, претежно избегнуваме тешка храна и гледаме да консумираме лесни оброци и десерти. Ако имате потреба од нешто слатко, ви предлагаме да ја направите оваа сладолед-торта која освен што ќе ве облажи, и ќе ве освежи бидејќи се консумира ладна, речиси замрзната.
Состојки:
170 гр чоколадни бисквити
50 гр путер
100 гр темно чоколадо
500 гр шлаг
малку вкус на ванила
200 гр кондензирано млеко
2 лажици какао
Подготовка:
Бисквитите сомелете ги во блендер и измешајте ги во сад со растопен путер и лажица крем. Измешајте и притиснете во калапот за колач, како да правите чизкејк.
Потоа во микробранова печка растопете ја црната чоколада со 100 гр крем. Во друг сад измешајте го остатокот од кремот со ванилата и додадете го кондензираното млеко. Одделете го кремот на два дела и во едниот дел измешајте какао.
На крајот нанесете ги двата кремови на подлогата како што е прикажано во видеото. Измазнете ја површината на колачот и покријте го со растопено чоколадо. Ставете го во замрзнувач неколку часа, а извадете го 20 минути пред послужување, пренесува Атма.