Ибра и Анчелоти во пакет

109

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ може да замине во Евертон доколку Карло Анчелоти биде именуван за нов менаџер, пренесе „Раи“. Претходно беше пласирана и информацијата дека трофејниот стручњак седнал на преговарачката маса со раководните лица на англискиот премиерлигаш.

  • Во овој случај, голема е веројатноста дека 38-годишниот Швеѓанец, кој во моментов е слободен агент, ќе се приклучи на тимот, објави италијанскиот медиум.

За Ибрахимовиќ се заинтересирани Наполи, Болоња и Милан.