Зошто по Цеца Ражнатовиќ и Сања Кужет, од балканското ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“ замина и “џумбушлика“ Ана Бекута?!

1307

Жешка тема за дилема!

Шоуто веќе нема да изгледа исто. И сигурно ќе изгуби на гледаност.                На едногодишно трудничко боледување замина водителката Сања Кужет, додека од жирито пред тоа се повлече и големата Цеца Ражнатовиќ. Прашањето е до кога ќе остане и рокерот Ѓорѓе Давид, после онаа трагична сообраќајна несреќа што ја направи во Македонија? Што всушност се крие зад гламурот на „Ѕвездите на Гранд“? Веројатно дека наскоро вистината ќе исплива на виделина! Натпреварувачите  од Македонија не треба да губат надеж. Шоуто, до почетокот на летото продолжува секоја сабота, а кај нас на фреквенцијата на ТВ Сител.    

Балканското ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“го напушти популарната пејачка Ана Бекута. Веста ја потврдија и од продукцијата, а на големо разочарување на нејзините обожаватели кои Ана ги има и во Македонија. И која кај нас уште многу ја слушаме со големиот македонски хит „Стариот џумбушлија“. Велат дека нејзиното заминување е од „оправдани причини“. Се шпекулира дека Бекута не била повеќе задоволна од висината на хонорарот, кој досега беше повеќе од одличен, но, за самата Ана, прилично мал. Дека хонорарот ѝ е мал, кажуваат и озборувањата низ белградската (трач) чаршија дека Ана често знаела да се пожали како е во некакви долгови, а со тие пари од „Ѕвездите на Гранд“ не можела да ги затвори финансиските дупки.

Меѓутоа, некои други извори на информации велат дека Бекута си заминала поради приватни причини. Веќе не беше во физичка состојба со часови да е завалена и искривена во столот додека да ги ислуша и оцени сите кандидати. Но кај Ана и годините си го прават своето. Лекарите ја советуваат сè почесто да се одмара, да спие и ништо да не прави.

Како и да е за Ана е најдена соодветна замена. Наместо неа, натпреварувачите стручно ќе ги оценува многу популарниот пејач Драган Којиќ-Кеба. Него уште го бие гласот дека е поранешен свекор на омилената Северина.

-Мојата драга колешка и пријателка Ана Бекута нема да биде тука некое време, вели Кеба. Ние двајца сме компатибилни во многу музички работи, па кога стигна предлогот да ја заменам, немав ништо против. Јас ќе бидам таму во „Ѕвездите на Гранд“, на нејзиното столче, расположено изјави Кеба.

Сè на сè, шоуто веќе нема да изгледа исто. И сигурно ќе изгуби на гледаност.              На трудничко боледување замина водителката Сања Кужет, додека од жирито пред тоа се повлече и големата Цеца Ражнатовиќ. Прашањето е до кога ќе остане и рокерот Ѓорѓе Давид, после онаа трагична сообраќајна несреќа што ја направи во Македонија? Што всушност се крие зад гламурот на „Ѕвездите на Гранд“? Веројатно дека наскоро вистината ќе исплива на виделина! Како и да е натпреварувачите ниту од Македонија не треба да губат надеж. Шоуто продолжува, а целиот музички спектакл и понатаму ќе го гледаме секоја сабота на фреквенцијата на ТВ Сител.      Д.М. фото:архива