Зонското на ЈП „Градски паркинг“ утре бесплатно

90

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известува корисниците на нивните услуги дека утре, на државниот празник „Св. Климент Охридски“, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои тоа стопанисува, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на паркиралиштата: зона А0 – Водно, катните гаражи: „Беко“ и „26-ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар „Мајка Тереза“.