Тоа не е вашата коса – зимскиот воздух ви ја уништи: Хранлива бомба од три состојки ќе ја врати во живот

255
Pexels

Ладниот воздух надвор во текот на зимските месеци и сувиот воздух во загреаните простории ја сушат косата и ја прават кршлива, безживотна и без сјај. Затоа е потребно дополнително да се хидрира и да се користат квалитетни регенератори. Сепак, не мора секогаш да биде производ од полиците на пазарот, можете да го направите и сами. Еве како.

Домашниот регенератор, кој е исклучително лесен за правење, на база на грчки јогурт, маслиново масло и мед, ќе ја направи вашата коса добро хидрирана, сјајна и мека на допир и ќе спречи наелектризирање на косата, па вашата фризура ќе биде уредна дури и за време на зима.

Ќе ви требаат:

3/4 чаша полномасно грчки јогурт
1/4 чаша мед
2-3 лажици маслиново масло
Подготовка и употреба

Измешајте ги сите состојки за да добиете еднолична смеса. Нанесете ја маската на чиста, влажна коса.

Се препорачува да се подели косата на најмалку два дела за да се нанесе маската порамномерно на сите делови од косата. Започнете ја апликацијата од корените и потоа продолжете кон краевите. Потоа покријте ја косата со капа за туширање или пластична кеса и оставете ја да делува најмалку 30 минути. Колку подолго толку подобро!

Може да замотате и со загреан пешкир околу главата, бидејќи топлината ќе овозможи подобра апсорпција на корисните материи од состојките на маската. Добро исплакнете со ладна вода и повторете ја постапката еднаш неделно за да ја направите вашата коса поцврста, помека, поздрава и посјајна.