Земјоделците огорчени: Украинско жито „ги поплави“ Полска и Романија

156

Министерството за земјоделство и рурален развој на Полска апелираше до владата финансиски да ги поддржи земјоделците погодени од приливот на украинско жито во земјата.

Полските власти имаат намера да го постават прашањето за украинското жито во Источна Европа пред Европската комисија, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки на прес-конференција во Букурешт.

Според него, овој проблем ги обединил Полска и Романија.

-Тоа жито, согласно ветувањата на Европската комисија, треба да патува во Африка и Блискиот Исток, но техничките недостатоци доведоа до тоа дел од ова жито, како и други земјоделски производи, да останат во земјава, што затоа се намалуваат цените на (локалните) земјоделци – рече тој.

– Полска во наредните денови или недели ќе направи се за да го постави ова прашање на соодветен начин – рече Моравјецки.

Полските земјоделци веќе неколку месеци се револтирани, бидејќи дел од украинското жито, наместо транзитно да се испраќа во трети земји, останува на полска територија, создавајќи конкуренција со полското жито. Министерството за земјоделство и рурален развој на Полска апелираше до владата на земјата со барање да обезбеди финансиска поддршка за земјоделците погодени од приливот на украинско жито во земјата. Но, земјоделците оваа мерка ја сметаат за недоволна и бараат системски решенија.