Со доста голема веројатност за остварување, ладниот метеоролошки феномен “Ла Ниња” може да пристигне уште во текот на ова лето, а не кон крајот на истото и на почетокот на есента како што прогнозиравме во јануари, вели Попоски во последната прогноза.
Оваа година за разлика од минатите години, летото би можело да биде пократко, но и без некои долги екстремно топли бранови, но и со повеќе временски непогоди и врнежи.
Топлиот феномен “Ел Нињо” ќе започне да ја намалува својата сила уште во пролетните месеци, а значително ќе ослабне во текот на летото, со што ќе добива на сила ладниот феномен “Ла Ниња”, вели Попоски.