Затнат нос, кашлица, кивање – не нужно се симптоми на настинка: Понекогаш се сигнали за „Новогодишен синдром“

889
Pexels

Иако настинката е синоним за зима и не е невообичаено да се чувствувате лошо во овој период од годината, можеби настинката не е виновникот за течење на носот. Затнат или течење на носот, чешање и насолзени очи, кивање и кашлање, исто така, може да бидат знаци на алергија предизвикана од новогодишните украси – изјави д-р Бавини Шах за The Sun.

Таа објасни дека алергијата, која е имунолошки одговор, се јавува кога имунолошкиот систем погрешно идентификува безопасна работа како штетна.

– Имунолошкиот систем потоа произведува антитела кои се борат против туѓите клетки со ослободување на хемиски супстанци. Токму овие работи предизвикуваат алергиска реакција – додала таа.

Според д-р Шах, постојат пет причини зошто може да се појават сезонски алергии во овој момент.

Новогодишен синдром
„Новогодишен синдром“ е термин кој се користи за опишување на алергиски реакции или респираторни проблеми што некои луѓе ги доживуваат кога се околу вистински борови. Терминот се однесува на симптоми како што се кивање, кашлање, чешање на очите, затнат нос или дури и напади на астма кои можат да се појават поради мувла или други алергени кои можат да бидат присутни на борот.

Прашливи украси
Украсите собираат прашина 11 месеци, па не е чудно што тие можат да бидат поттик за алергични. Докторот советува украсите да ги избришете со влажна крпа пред да ги внесете во вашиот дом.

Грини
Прашинските грини доаѓаат со прашина. Тие се ситни, безопасни суштества, но нивните отпадни честички содржат протеини кои можат да предизвикаат алергиски реакции кај некои луѓе.

Вообичаени реакции вклучуваат кивање, течење или затнат нос, чешање или насолзени очи, кашлица или осип на кожата во потешки случаи.