Не можам сега да го коментирам туѓиот живот, но селидбата во Манчестер го промени многу мојот поранешен сопруг. На Ријад му удри славата в глава. Се промени кога потпиша за Сити. Кариерата на фудбалерите има кус век, би требало да останат на земја, да бидат верни на своите најблиски и да сфатат дека во животот тоа е најважно, изјави поранешната сопруга на фудбалерот на Манчестер Сити
Популарната пејачка Рита Јохал повторно упати критики кон својот поранешен маж Ријад Марез. Таа тврди дека нејзиниот живот е уништен поради „славниот статус“ на Марез, откако од Лестер преминал во Манчестер Сити.
Според нејзините изјави за британскиот таблоид „САН“ сè се свртело наопаку кога Марез потпишал за англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, станал многу поплатен и многу познат, па го запоставил своето семејство.
-Не можам сега да го коментирам туѓиот живот, но селидбата во Манчестер го промени многу мојот поранешен сопруг, изјави пејачката и додаде:
-На Ријад му удри славата в глава. Се промени кога потпиша за Сити. Кариерата на фудбалерите има кус век, би требало да останат на земја, да бидат верни на своите најблиски и да сфатат дека во животот тоа е најважно.
Љубовната врска меѓу алжирскиот репрезентативец и Рита почнала уште во 2004 година, кога тој воопшто не бил познат фудбалер.
-Тогаш не беше славен како денеска, но беше шампион и ми се допадна. Постојано ми зборуваше дека сум убава и правеше да се чувствувам посебно. Велеше дека ме сака и дека сака да имаме деца. Го сакав и сакав сè да направам за него. Ја променив верата, престанав да пијам алкохол, бидејќи тој не пиеше и навистина ја сакав неговата вредност. Сакав да имам убаво семејство, да бидеме заедно и да се чувствуваме посебно, изјави Рита, која со фудбалерот има две ќерки.
Но сето ова се променило кога Алжирецот се преселил во Манчестер Сити.
-Престана да биде љубезен, грижлив и скромен, едноставно исчезна стариот Ријад. Мислам дека му станав досадна, а тој живеше раскошно надвор од дома. Почна да ме игнорира, откри пејачката.
Марез во 2019 ја напушти семејната куќа и се смести во хотел, а Рита на друштвените мрежи беше обвинета дека го изневерила Алжирецот.
Ријад сега е во врска со Тејлор Вард, ќерката на поранешниот фудбалер од Премиерлигата, Ешли Вард. На почетокот од годинава тој и ја запроси Тејлор и почна нов живот.