Зоолошката градина во источна Кина ги демантираше шпекулациите дека некои од нејзините мечки би можеле да бидат луѓе облечени во костими, откако видеото на кое мечка стои на задните нозе стана вирално на интернет.
„Кога станува збор за мечките, првото нешто што ми паѓа на ум е огромната фигура и неверојатната моќ… Но, не сите мечки се персонификации на опасност. Малајските мечки се мали, најмалите мечки на светот“, објаснуваат чуварите на зоолошката градина во Хангжу.
На социјалните мрежи кружи видео од мечка како стои на задните нозе, а луѓето забележуваат дека нејзините витки нозе и наборите од крзно прават да изгледа како човек да имитира мечка.
Портпаролот на зоолошката градина изјави дека животното е вистинско и дека таква измама нема да се случи. Тој, исто така, истакна дека на летни температури од 40 степени Целзиусови, маж во костум со крзнена мечка „нема да издржи повеќе од неколку минути пред да се падне“.
Во зоолошката градина се изложени мечки кои потекнуваат од Малезија. Тие се најмалиот вид на мечки на Земјата, со големина колку големо куче.
„Сончевите мечки се со големина на големи кучиња, високи најмногу 1,3 метри на задните нозе, во споредба со 2,8 метри типични за гризли и други видови“, велат од зоолошката градина.
Скај њуз објави дека „другите кинески зоолошки градини претходно беа обвинети дека се обиделе да ги претстават кучињата со бојадисано и исечено крзно како волци или африкански мачки“, додека една зоолошка градина во Египет претходно негираше дека маскирало магариња за да личат на зебри.
WATCH: 🐻 A viral video of a black sun bear at the Hangzhou Zoo in China’s Zhejiang province has some netizens convinced that it is a human in disguise. The zoo has since spoken out to quell the rumours, maintaining that it is “definitely a real animal”. pic.twitter.com/hzHOZSnLPT
— TODAY (@TODAYonline) July 31, 2023