ЕУ и Лондон ќе размислат за продолжување на преговорите поради коронавирусот

35

Велика Британија и ЕУ ќе размислат дали следниот круг преговори за нивниот иден однос во Лондон треба да продолжи како што е планирано, изјави денеска портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој додаде дека каква било одлука за преговорите, кои треба да се одржат од 18 до 20 март, ќе биде донесена заедно со ЕУ.

Поради ширењето на корона вирусот се доведува во прашање патувањето на официјалните претставници на средбите.

Извор:МИА