Експлозија во фабрика за муниција во Полска, загина еден работник

62

Во фабриката за оружје Меско во Полска се случи експлозија која предизвика пожар, а во него загина еден работник и уште едно лице е повредено, соопштија властите.

Премиерот на Полска Доналд Туск изјави дека нема причина да се заклучи дека зад ескплозијата во Меско е одговорна „надворешна сила“.

Во последно време, во Полска се случи низа пожари, а властите истражуват дали причината би можела да биде саботажа на тајните служби на Русија и на Белорусија, како одговор на полската поддршка на Украина.

Државната холдинг група на производители на оружје соопшти дека експлозијата во Меско, во градот Скарзиско Камиена, претставува „огромна трагедија“ за сите членки на групата, и дека истрагата е во тек.

Во фабриката се произведуваат муниција и проектили, а градот е оддалечен 135 километри од Варшава.