Европската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,5 отсто

15

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ја зголеми референтната каматна стапка за 0,5 отсто со цел да ја потисне високата инфлација, иако европската економија забавува.Банката од Франкфурт, која во декември и ја зголеми референтната каматна стапка за 0,5 отсто, најави дека ќе продолжи со ваквите потези.Како што е наведено, Банката ќе ја задржи референтната каматна стапка на нивоа што можат да обезбедат навремено враќање на инфлацијата до два отсто, што е среднорочна цел.

И британската централна банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 отсто, додека Федералните резерви на САД вчера ја зголемија стапката за 0,25 отсто. Економијата на еврозоната стагнира, со раст од само 0,1 отсто во последните три месеци од 2022 година.

Зголемувањето на референтната каматна стапка на ЕЦБ може да го запре економскиот раст.Причина за тоа е што руската војна во Украина создава несигурност.