Доларот ослабе, цената на нафтата падна

239

На валутните пазари вредноста на американскиот долар благо опадна во понеделникот во однос на кошничката валути благо падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,04 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,08 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 149,30 на 149,20 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0790 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0785 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од минатонеделните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,34 отсто, на 81,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,36 отсто, на 75,55 долари.