Додик: Единствена шанса за мирен живот во Босна и Херцеговина – мирно да се разделиме

1397

Мислам дека единствена шанса за мирен живот во Босна и Херцеговина е мирно да се разделиме и никој никому да не прави проблеми, изјави за Спутник претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и додаде дека Србите треба да кажат дека во овој век сакаат обединета држава РС, Србија со Косово и Метохија и Црна Гора ако се согласат.

Тој посочува дека ова е доба кога за неколку години или децении ќе треба да се направи нова конфигурација на светот, а Србите не смеат да бидат фатени таму.

Веќе треба да кажеме дека во овој век сакаме обединета држава составена од Србија, Република Српска со Косово и Метохија и доколку има таква демократска одлука и Црна Гора, рече Додик.

Србите немаат намера да војуваат, но немаат ниту намера да дозволат некој да ги гази. Затоа ја поддржувам моќта што Србија ја изгради неодамна – воена, политичка, економска, финансиска. И никој не може да го оспори дека претседателот Александар Вучиќ ја отвори Србија, ја стави на некое друго место од пред 10-15 години, посочи тој.

Изјавувајќи дека единствена шанса за мирен живот во Босна и Херцеговина е мирно да се разделиме и дека никој никому не прави проблеми, Додик рече дека тоа го сакаат и Србите, а дека ќе го сакаат и Хрватите, иако за тоа нема јавно да зборуваат.

Тој нагласи дека „муслиманите веруваат дека Бањалука, Лакташи, Требиње и Нови Град им припаѓаат“.

Понекогаш на шега им велам дека и да го добијат сето тоа, немаат капацитет да се снајдат. Тие не можат да управуваат со 24 проценти од територијата каде што се доминантно мнозинство, постојано имаат некои проблеми и да нема странци би биле во хаос, изјави Додик.