Австралискиот борец Тајсон Харисон загуби на настанот „ONE Friday Fights 34“ од Тајланѓанецот Кулабдам Сор Јор Пиек-У-Тај. Веста веројатно немаше да стигне на спортските страници на медиумите доколку причината за прекин на борбата не беше бизарна. Имено, по мечот, самиот Харисон изјави дека се посрал за време на борбата откако добил силен удар во стомакот. Поради ваквата ситуација реагирале лекарите на тимот и борбата била прекината.
- Добив удар во стомакот и се посрав во гаќи. Кажете ми, како да ја продолжам борбата после тоа?, се правдаше 22-годишниот австралиски борец.