Офанзивниот играч за врска од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Брахим Дијаз, испрати јасна порака дека сака и во новата клупска сезона да престојува на „Сан Сиро“. Шпанскиот интернационалец е во сопственост на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), но трета сезона по ред игра како позајмен фудбалер во дресот на Милан. „Росонерите“ имаат право да го откупат неговиот договор и тоа со понуда од 22 мил. евра.