Во Европската Унија има околу четири милиони фиктивни компании. Според анализите на „Мудис“ најмногу од нив се во Франција и Кипар. Оваа аналитичка компанија согледала дека најголем број од нив се користат за избегнување даноци, санкции или за перење пари.
Но она што ги изненадило од „Мудис компании“, кои котираат на берзите, директори им се деца помлади од пет години. Како пример на чело на една белгиска компанија е лице постаро од 900 години. Компаниите се правдала дека се работи за грешки при внесување на податоци, но како што предупредува Тед Дата од „Мудис“ за „Еуроњуз“, тоа е само показател за големи проблеми во системите со слаб капацитет.
-Дел од вината може да се припише на адвокатите и посредниците кои им помагаат на супербогатите да го сокријат своето богатство зад сложените корпоративни структури, со малку регулативи и проверки, рече Дата.
Годинава во јануари, Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен политички договор за дел од пакетот закони за спречување на перење пари и финансирање тероризам. Со тоа за првпат во Унијата со спогодбата за спречување на перење пари за првпат ги затвора потенцијалните дупки што ги користат криминалците кои се стекнуваат со нелегални профити или финансирање терористички активности преку финансискиот систем.
-Регулативата бара давателите на услуги поврзани со трустови или компании да го потврдат идентитетот на клиентите, исто како што тоа го прават банките-објаснуваат експертите.
Британскиот HMRC, исто така, почна да казни некои брокери за небрежност. Но, како што нагласува Дата, кај некои фиктивни компании лажните податоци се толку очигледни, па така кај повеќе од 22.000 фирми нивната адреса е Кеопсовата пирамида во Египет.
Членот на Европскиот парламент, Холанѓанецот Пол Танг за Euronews, вели дека е изненаден од толкав број на фиктивни компании, за што смета дека нивната главна улога е избегнувањето на даноците и санкциите наметнати на Русија.
-Ако сакаме приходи, мора да се справиме со даночното затајување, а фиктивните компании се во срцето на тоа, смета Танг, кој е претседател на даночната комисија на Европскиот парламент и нагласува дека го поддржува воведувањето на нов закон предложен од Комисијата уште во 2021 година, според кој на компаниите со сомнителни активности потенцијално ќе им бидат одземени даночните олеснувања врз основа на нивните приходи, прекугранични активности и управување.
Но, за да стане закон, предлогот – Директивата Unshell – треба едногласна поддршка од сите 27 членки на ЕУ – вклучувајќи го и Луксембург, голем финансиски центар кој Комисијата го обвини дека сè уште е голем даночен рај.
Ако критериумите се нејасни или премногу широки, тоа само ќе ја зголеми бирократијата и правната несигурност. Ако тие се премногу конкретни – на пример, контролирате само компании со три или помалку вработени – потенцијалните перачи на пари може да вработат само четири или пет вработени.
Дата укажува дека се работи за „бескрајна игра“ меѓу оние кои се борат против валканите пари и оние кои се обидуваат да ги исперат.