Дилема: Можеби пелените на Алјона ќе ѝ донесат нова победа на Украина на Песна на Евровизија 2024?

310

“Нема добра песна, па мора вака да го привлече вниманието на евровизиските обожаватели“, велат нејзините сонародници. Сепак, поголем дел од нацијата е на страна на раперката Алјона, со вистинско име Олехивна Савраненко. Но, и едните и другите се согласуваат дека Алјона нема ни минимални шанси да ѝ се доближи на феноменалната Руслана, која победи на Евровизија со „Дивиот танц“, во далечната 2004 година

Тамам кога помисливме дека ќе запрат скандалите околу годинашнава Песна на Евровизија со плагијатот на шпанската претставничка, која ѝ ја „украде“ песната „Бомба“ на популарната Неда Украден од Белград, стигнаа нови скандали. Уште пооригинални, пожестоки, повпечатливи. И тоа од држава што е во војна. Од Украина, поради која, според одлуката на Евровизија, ѝ е забрането учеството на Русија на овој значаен фестивал. Музичките критичари велат дека Евровизија, во последниве 15-ина години, повеќе важи за одлична квазициркуска забава пред малите екрани отколку за место на кое се избира добра песна, како што е насловен и фестивалот. Очигледно, така ќе биде и оваа година, во Шведска. Украинката Алјона, која се досети да биде оригинална, е пример за тоа. Пред сè, ги батали веќе видените хомосексуални и транссексуални настапи на некои од претходните учесници.

Алјона сега направи навистина многу необична фотосесија. Таа се сликаше во џамбо пелени, како за стари, болни луѓе, во кои тие ги вршат своите физиолошки потреби. Сликите се, сами по себе, не само духовити туку и за жалење. Кој како гледа и го толкува сето тоа. Но, некои ги поврзуваат овие фотографии со бебињата, бидејќи Алјона е со шише за млеко во раката и со цуцла околу вратот. Единствено останува непознато дали се помочала во пелената или не. Многу Украинци ја нападнаа својата претставничка, нарекувајќи ја тотално промашување, со еден тон невкус.

– Нема добра песна, па мора вака да го привлече вниманието на евровизиските обожаватели – велат нејзините сонародници.

Сепак, поголем дел од нацијата е на страна на раперката Алјона, со вистинско име Олехивна Савраненко. Но, и едните и другите се согласуваат дека таа нема ни минимални шанси да ѝ се доближи на феноменалната Руслана, која победи на Евровизија со „Дивиот танц“, во далечната 2004 година, носејќи ѝ многу убави работи на Украина, во туризмот, угостителството и симпатии кај западноевропските земји.                                                                                                                                      Има многу такви што, во обложувалниците, предвидуваат победа на Алјона во Малме, каде што ќе се одржи евровизискиот музички спектакл. Таа нема да биде сосема сама на сцената, туку заедно со својата колешка пејачка Јана Олександривна Шемаиева, попозната како Џери Хејл. Тие ќе ги бранат боите на Украина со песната „Tереза и Maрија“.   Д.М.