Репрезентативецот на Канада и стандарден првотимец во дресот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Алфонсо Дејвис, е дефиниран како летен приоритет од страна на раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М). Челниците на „кралскиот клуб“ се убедени дека офанзивниот бек ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ доколку официјалната понуда не биде помала од 65 мил. евра.