Дејвид и Викторија Бекам минатата година ја прославија 23-годишнината од бракот и важат за еден од најхармоничните и најдолговечните славни парови. Но, ништо на светот не е совршено, дури ни бракот на славниот фудбалер и познатата пејачка.
Додека го носеше дресот на Реал (М), Англичанецот ја изневеруваше сопругата, која набрзо дозна за неговото неверство, а во неодамна објавениот документарен филм на Нетфликс, таа зборуваше за како што го нарече најтешкиот период од нејзиниот живот.
Познатата шпанска манекенка Естер Канадас е дамата која беше во кревет на Бекам. Таа еднаш беше исфрлена од хотелската соба на Дејвид само неколку часа пред Викторија да дојде да го посети својот сопруг во Мадрид.
Манекенката наводно била во станот на Дејвид додека тој тренирал со соиграчите од Реал. Меѓутоа, набрзо пристигнал повик дека г-ѓа Бекам е на пат за Мадрид, па телохранителите на Дејвид брзо почнале да дејствуваат. Еден од нив ја проверуваше просторијата дали има знаци на изневерување, а другиот и рече на Естер дека има пет минути „да ги собере своите работи и да си замине“.
Денеска Естер има 45 години и работи како модел. Таа беше во брак два пати, а во 2014 година роди ќерка, но не се знае кој е таткото.
Викторија Бекам дури сега отворено зборуваше за проблемите во врска со Дејвид и токму за тој период во 2003 година кога тој уживаше со друга жена во Мадрид, а таа живееше во Англија.
„Знаете, до Мадрид понекогаш се чувствувавме како да сме против сите други, но бевме заедно, бевме поврзани, се имавме еден со друг. Потоа, кога дојдовме во Шпанија, веќе беше како да се немавме еден со друг. Тоа беше тажно. Не можам ни да почнам да ви кажувам колку беше тешко и колку сето тоа влијаеше на мене. Беше вистински кошмар“, откри Викторија и додаде:
„Тоа беше апсолутен циркус. И на сите им се допаѓа кога циркусот доаѓа во градот. Освен вие, кои сте дел од тој циркус“.
Самиот Дејвид зборуваше за ова во документарецот на Нетфликс. Тој се присети како имало „некои ужасни приказни со кои било тешко да се справи“.
„Тоа беше прв пат јас и Викторија да бидеме ставени под таков притисок во нашиот брак. Да, беше тешко, се разбудивме заедно, но чувствувавме дека нешто не е во ред. На крајот на краиштата, тоа е наш приватен живот. Имаше денови кога одев на тренинг мислејќи како ќе изгледам, како ќе се преправам дека се е добро. Секогаш кога ги отворав очите се чувствував физички лошо“, призна поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.
Во документарецот, Дејвид ја пофали својата сопруга дека ја трпи „себичноста“ на неговата кариера, која вклучуваше преселба во ЛА Галакси во 2007 година. Таа рече дека го сака нивното време во ЛА, додека Бекс призна дека се борел да се справи со стандардите на МЛС фудбалот.