Новиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Денис Шредер, изјави дека ќе игра за Германија сè додека може да оди.

Шредер освои бронза со Германија на неодамнешниот Евробаскет во Берлин. Тој беше избран во идеалната петорка на европскиот шампионат, а потоа потпиша договор со ЛА Лејкерс, вреден 2,64 милиони долари.

  • Не играв на Олимпијадата минатата година поради договорот. Но, сите видоа дека сум таму и без договор. Ги сакам овие момци и ја сакам оваа федерација. Ќе играм додека можам да одам, изјави Шредер.