Двојно пониска цена на струјата за прехрамбената индустрија – лебот, млекото и маслото поевтинуваат за 10%?

63

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека има пониска цена за струја за компании од прехрамбената индустрија. Односно, компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб, од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи. 

Но, колку реално ќе влијае двојното намалување на струјата врз цената на основните прехранбени продукти? Според пресметките на Горан Ѓеорѓиевски, претседател на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори, цените на основните производи ќе се намалат за околу 10%. Како што додава, за да има поголемо намалување, потребно е да се преземат други чекори во оваа насока, пренесува ТВ 21.

Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија, рече дека се разговара во оваа група компании да се вметнат и субјектите чија дејност е производство на месо. Инаку, 80 милиони евра кои вчера беа наменети од ЕУ како помош за земјава, Бектеши рече дека ќе бидат искористи за најранливите категории граѓани и микро-компаниите до крај на април, кога се очекува да заврши кризната состојба.