Две лица приведени за пукањето во Арачиново, се уште се трага по напаѓачот

819

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново. Извори од МВР велат дека полицијата се уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ, објави телевизија Сител.

Шоферот на градоначалникот Ридван Ибрахими, беше пренесен во болница, и веднаш подложено на операција, а со полесни повреди беше уште едно лице. Денеска беше објавено дека двете лица се во стабилна состојба.

Мотивите за нападот врз градоначалникот кој е од редовите на ДУИ официјално не се познати, но некои медиуми изнесуваат претпоставки дека станува збор за внатрепартиска пресметка.