Дали е на повидок ново воено жариште? Додека Венецуела означува туѓа територија, Бразил ја трупа војската на граница!

Откако Бразил испрати војска на границата со Венецуела, тензииете растат, а истовремено расте стравот од нова војна . Венецуелскиот претседател Николас Мадуро  објави нова карта на регионот на која се прикажани две третини од соседна Гвајана „повратена“ од Каракас. Венецуела има претензии за регионот Есекибо повеќе од 100 години.

530

Бразил објави дека распоредува трупи долж својата граница со Венецуела откако венецуелската влада објави планови за вклучување на области под контрола на Гвајана во својата територија. Регионот Есекибо богат со нафта е според од 19-от век, кога Гвајана беше британска колонија.

Венецуела ги обнови своите барања за територијата откако пред неколку години беа откриени резерви на нафта и гас во морето. Тензиите растат од референдумот во неделата во Венецуела. Кажано е дека повеќе од 95 отсто од гласачите го поддржале владиното присвојување на Есекибо, пишува Би-би-си.

Венецуелскиот лидер Николас Мадуро од тогаш побара од државната нафтена компанија таму да издаде дозволи за експлоатација и предложи Националното собрание да усвои закон со кој тој регион би станал дел од Венецуела. Со таквите потези предизвика загриженост во целиот регион. Истовремено,  Мадуро  објави нова карта на регионот на која се прикажани две третини од соседна Гвајана „повратена“ од Каракас

Додека трупите на Гвајана се во состојба на готовност, бразилската војска соопшти дека преместува уште војници во пограничниот град Боа Виста, главниот град на сојузната држава Рораима, но и дека преместува дополнителни воени возила. Меѓутоа, секој воен упад на Венецуела би бил логистички изолиран бидејќи венецуелските војници би морале да минат преку бразилска територија поради тешкиот терен на други места.

Според Франс прес, бразилската војска истакнала дека го јакне своето присуство во регионот во рамки на напорите „да се гарантира неповредливоста на територијата“.

Инаку, хеликоптер на војската на Гвајанa со седум лица вчера е пријавен за исчезнат во близина на границата со Венецуела. Сепак, началникот на Генералштабот на Гвајан, Омар Кан, рече дека „нема информации што укажуваат на тоа дека Венецуела е вмешана“.