Минатиов викенд, за прв пат од 1982 година, се возеше трката за Големата награда на Лас Вегас, на која славеше старо-новиот шампион – Макс Верстапен.

Претходниот пат кога се натпреваруваа врвните возачи на Ф1 во Лас Вегас, настанот се одржа на паркингот на луксузен хотел, веднаш до „Цезар палас“.

Во тоа време, спортот не беше многу популарен во САД, но сега е сè поинаку, особено по преземањето на Формула 1 од американската компанија „Либерти медија“.

Враќањето на Ф1 во американскиот град по неколку децении предизвика големи контроверзии. Локалните казина и хотели ги искористија сите придобивки што ги нуди Формула 1, бидејќи нивните соби што гледаат кон патеката – беа енормно скапи.

Излегува дека уште една група сакаше да ја искористи можноста да си ја зголеми заработката, а тоа беа проститутките. Адисон Греј и Алис Литл објавија за ТЗМ дека подготвиле специјална понуда за релаксирање на возачите за време на настанот, но дали го исполниле ветеното, останува да видиме во наредните денови, секако ако се пофалат со такво нешто.

  • Во Лас Вегас, овој месец ќе има вистинска Ф1-треска. Секоја од нас со нетрпение го очекува овој голем спектакл. Возачите што сакаат да им чука срцето како лудо и што сакаат да ја прослават победата со нас, ќе ги добијат нашите услуги 100% бесплатно – истакна Алис Литл, проститутка во легалниот бордел „Чикен ранч“.

Ако се знае дека славеше на трката, Верстапен ја имаше ексклузивната можност да легне со некоја од проститутките, и тоа бесплатно. Но, малкумина веруваат дека тој се согласил со оваа неморална понуда на Алис ако се знае дека крај себе има една од најубавите девојки, Кели Пике, ќерка на легендарниот Нелсон Пике.

Покрај тоа, целиот персонал на Ф1-тимовите можеше да има еротски услуги по поволна цена.

  • Подготвивме и попуст за клиентите што ќе летаат во Лас Вегас специјално за Ф1 – додаде Алис.