Граѓаните ќе дефинираат проектни идеи од областа на животната средина

364

Општина Кисела Вода ги поканува граѓаните да земат учество на втората форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети”, кој го спроведува УНДП во партнерство со Општина Кисела Вода.

Проектот, кој ќе се реализира и ќе биде финансиран преку Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, како што беше одлучено од страна на граѓаните, ќе биде од сферата на животната средина.

– В среда, на 6 декември, во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 11 часот, нашите жители ќе имаат можност да ги дефинираат проектните идеи. Затоа е важно граѓанското учество да биде што помасовно, да се слушнат што повеќе идеи, предлози и да се направи вистински избор кој ќе ги отслика потребите на заедницата – повика претседателот на Совет на Општина Кисела Вода, Иван Живковски.