Градоначалникот на Богота со радикални мерки поради сушата: Апелираше до двојките да се тушираат заедно

275
Галан исто така ги замили жителите да размислат за целосно напуѓтање на своите секојдневни хигиенски навики, со оглед на тоа дека резерворарите се на историски минимум.
„Ако не сакате да излезете од дома во недела или во текот на кој било друг ден од седмицата, искористете го тоа и немојте да се капете“, замоли тој во пресрет на рестрикциите.
Ел Нињо, кој обично предизвикува помали врнежи во Јужна Америка, оваа година предизвика рекордни суши и температури, што ги принуди локалните власти во поширокиот регион да преземат итни мерки.
Сместена во Андите на 2.600 метри надморска височина, Богота е обично поштедена од најлошото сценариот.
Оваа многу врнежлива престолнина во просек добива 1.020 мм врнежи секоја година, на кои се потпираат околку 10 милиони луѓе во поширокото градско подрачје на критично ниво.