Нема фудбалски фан кој не слушнал за славниот Аргентинец, Габриел Омар Батистута, кој можеби е најдобриот напаѓач во историјата.
Батигол играше за Фиорентина од 1991 до 2000 година, успеа да го освои Купот на Италија во 1996 година, а најголема желба му беше „скудетото“ бидејќи беше свесен дека шампионската титула со виолетовиот дрес вреди колку десет со Јувентус или Милан. Напаѓачот остана во Фиренца дури и кога овој клуб испадна во Серија Б во 1993 година.
Најблиску до „скудетото“ беше во сезоната 1998/99. Фиорентина го заврши првиот дел од сезоната на првото место, а потоа дојде 7 февруари и мечот со Милан. Во 87. минута Батистута го повреди коленото и мораше да ја напушти играта.
Тренер во тоа време беше Џовани Трапатони, а на „Артемио Франки“ имаше голем број на многу добри играчи како Руи Коста, Франческо Толдо, Морено Торичели, Јорг Хајнрих и Едмундо.
Едмундо беше тој што му заби нож во грб на Батистута. Бразилецот повеќе го сакаше карневалот во Рио отколку „скудетото“ со „Виола“.
„Бевме многу блиски, додека не го повредив коленото во 1999 година. Му се јавив на Едмунд дома и му реков: „Ајде Животно (прекарот на Бразилецот), остани овде во Фиренца, стави го тимот на раменици, заборави на карневалот. ”
Тој одговори: „Капитено, тоа ми е премногу важно, не можам да не одам, обидете се да ме разберете“. По тој одговор, ја спуштив слушалката, му се јавив на Трапатони и му реков дека не сакам да го видам тој човек повторно во Фиренца“.
Секогаш се борев и давав се за да ги израдувам моите навивачи. Бев капитен, морав да дадам силен сигнал и не можев да дозволам некој идиот да го напушти тимот и да оди да се забавува“, изјави Батигол.
Фиорентина не стана шампион на крајот на сезоната. „Скудетото“ отиде во рацете на играчте на Милан, а Едмундо очекувано беше избркан од Фиренца. Една година подоцна си замина и Батистута.
„Се чувствував ужасно кога отидов во Рома бидејќи не ги оправдав очекувањата на жителите на Фиренца“, изјави Батистута.
Тоа што не успеа со „Виола“, му успеа со Рома. На „Олимпико“ ја донесе шампионската титула, последна во историјата на римската „волчица“.
Батистута, кој има 55 години, плати висока цена за да ја израдува Фиренца. Денеска на некој начин е инвалид бидејќи има метална протеза во ногата и не може нормално да се движи.
„Иако не освоив некој голем трофеј, се сметам за победник затоа што и овозможив на Фиорентина да се бори со моќниците“, е неговата позната изјава која одлично ја опишува неговата љубов кон клубот.