Глобалниот клуб на жени Г-100 во посета во Скопје

71

Претставничките на Крилото за комуникација и застапништво од Скопје, дел од Глобалниот клуб на жени Г-100 денеска одржаа средба со членките на Глобалниот клуб од повеќе земји

– Ако верувате во вашата идеја за промена и сте подготвени да работите напорно, порано или подоцна тој сон ќе стане реалност. Денес, една идеја стана реалност, па дури и да не сме целосно свесни за неа, започнавме процес кој ќе влијае на општеството, светот и што е најважно, на нашите животи, со оваа порака државната претставничка на Крилото за комуникација и застапништво на Глобален клуб на жени лидерки Г-100 во Скопје, Ленка Угриновски им посака добредојде на основачката на клубот, Харбин Арора и нејзиниот тим, кои ја посетија нашата земја во рамки на Балканскиот проект за соработка на жените лидерки во Љубљана, Загреб,Сараево, Белград, Скопје, Тирана и Приштина.

Арора порача дека не е важно од која земја сме, каква боја на кожа имаме, на косата или облеката, важно е да бидеме со солидарен дух и да се поддржуваме.

– Сите се соочуваме со истите проблеми, но дури и најсилните личности имаат потреба од подадена рака, од поддршка. Тоа е нашата енергија, моќ, сила, со меѓусебна љубов и позитивна енергија да си дадеме сила. Секоја жена да ја поттикнеме кога да каже да, за почит, за образование, а кога да каже не, истакна Харбин Арора.

Глобалниот клуб Г-100 има сто секторски крила и претставнички од сите земји и свои канцеларии во Брисел, Њујорк, Њу Делхи и Женева, или околу милион членки ширум светот.

Во нашата земја, во Крилото за комуникација и застапништво членуваат 35 жени, а денеска на средбата беа номинирани уште пет жени од земјава.