„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: Сведок во случајот со убиството на Данка Илиќ

1516

Случајот со исчезнувањето на малата Данка, за која се верува дека е убиена, а чие тело сѐ уште не е пронајдено, и понатаму ја бранува Србија, но и целиот Балкан.

Веќе два и пол месеци како нема трага ни глас од малата Данка Илиќ (2) која исчезна во Бањско Поле.

Полицијата од 26 март ги насочила сите сили на секаков вид оперативна работа за да се открие каков било детал што би ја насочил кон пронаоѓање на телото на детето. Со таа цел се вештачат деталите пронајдени во автомобилот на „Водовод“ што удри во малата Данка, како и деталите земени од семејниот дом на осомничениот за убиството, Дејан Драгијевиќ од Злот, но засега резултатите покажуваат дека никаде нема ДНК траги од детето.

Во Одделението за криминалистички истраги во Заечар се сослушуваат сведоци, колеги, соседи, познаници на оние кои го извршиле ова монструозно злосторство, но нема позначителен развој на истрагата.

– Осомничените за убиството на Данка Илиќ, Дејан Драгаијевиќ и Срѓан Јанковиќ, последен пат ги видов на денот на нејзиното исчезнување и следниот ден, 26 март, околу 14 часот и 45 минути, кога се враќав од Здравствениот Центар од очен лекар, кога отидов да ја земам сопругата од кај мајка и, на Старобањски пат, но кога се тргнува од правец на Бор. Веднаш до куќата, долу кон езерото Бор, се наоѓа нејзината викендица. Со оглед на тоа дека стигнав порано од неа, свртев круг-два, како нешто да ме тераше, па го видов автомобил на ЈП „Водовод“, до депонијата, на Старобањски пут, но од спротивната страна кога се доаѓа од Бор. Сакав да свртам и круг до помалата депонија од онаа што полицијата најмногу ја чешлаше, видов кола, не ми текнува каква марка беше. До неа стоеше Срѓан Јанковиќ, додека Дејан Драгијевиќ веќе беше спуштен надолу по карпата полна со ѓубре и отпад. Му се јавив со климнување на главата, но тој изгледаше збунет и како да не сакаше да ме поздрави, па дури ни да ме погледне. Не знаев што се случи тогаш. Тоа беше необична реакција за мене, но не размислував зошто е така. Подоцна се дозна дека девојчето исчезнало. Веднаш се обратив во полиција и кажав сѐ што видов – раскажува С.С., жител од околината на Бор.

Тој потоа продолжил со својот исказ:

– Претпоставувам дека нешто планирале или веќе направиле, затоа што подоцна постојано се прашував што прават тие двајца токму таму на таа депонија во тоа време кога малото девојче беше пријавено за исчезнато пред само еден час. Што бараа таму среде бел ден, прашање што ме мачи секој ден. Не можам да се ослободам од тоа чувство или да се откинам од впечатокот дека нешто можело да се направи веднаш. Секојдневно размислувам, ме оптоварува мислата дали можеби требаше повеќе да се пребарува таа делница отколку депонијата на почетокот на Старобањски пут од спротивната страна од правец на Бањско Поле. Бидејќи таму тече мал поток и мештаните кои живеат на тој потег велат дека има цевка, канал, кој бил изграден пред 50 години, па не можам ни да замислам што можеле да направат со телото на малата Данка – забележува С.С. од Бор и најавува дека нема да се откаже од укажувањето додека не се направи нешто и не се докаже дека детето не е на таа локација.