Само изберете го вкусот:Германска пиварница ќе произведува вистинско пиво во прав

46

Neuzeller Klosterbräu, пиварница во источна Германија, смислила начин да направи пиво во прав, кое кога ќе се измеша со вода, има вкус исто како оригиналното фабричко варено пиво.

Глобалната индустрија на пиво е огромна, но е и една од најмалку ефикасните во светот. Транспортот на големи количини пиво флаширано во тешки стаклени шишиња низ светот е скапо, но што ако не треба да го правите тоа на тој начин?

Што ако некои од најпознатите светски пивари би можеле да испорачаат пиво во форма на прав, а компанијата што прима само треба да додаде вода во него?

Германската пиварница Neuzeller Klosterbräu тврди дека смислила процес за правење на секаков вид пиво во прав, вклучувајќи алкохол и карбонизација. Се што треба да направите е да додадете вода и на крајот да стане обично пиво како што се прави и пие во светот денес.

„Тоа е првото целосно пиво во прав во светот и може да го промени светот. Додадете вода и ќе добиете пиво со целосен вкус на пиво, вклучувајќи алкохол и јаглерод диоксид и пена. Во принцип, можеме да произведеме кое било пиво во светот користејќи го методот – темно пиво, светло пиво, индиско бледо пиво, што и да е! “, изјави Стефан Фриче, генерален директор на пиварницата, за Тајмс.

Фриче призна дека пивопијците на почетокот најверојатно ќе бидат скептични за нивното пиво во прав, но нагласи дека иновативниот производ не е наменет да го замени класичното пиво.

Главно беше дизајниран како алтернатива на превозот во странство, бидејќи „нема смисла да се увезуваат стаклени шишиња, да се полнат со германска вода и потоа да се испраќа пивото во Африка или Кина или каде било“. Во меѓувреме, германските пивари најверојатно ќе продолжат да произведуваат традиционално пиво за европскиот пазар.

Нојзелер, наводно, го развил својот револуционерен пивски прав во последните две години, со помош на владино финансирање.

Иако не е првото пиво во прав во светот, се разликува од сите други затоа што може да содржи алкохол и карбонизација во прав.

„Сакаме целосен вкус на пивото. Имаме пена, веќе го имаме вкусот на пивото. Сакаме да додадеме јаглерод диоксид во форма на прав. Сакаме да додадеме алкохол во прав“, вели Стефан Фриче.

„Сето тоа можеме да го направиме со пудра. И, се разбира, апсолутно е фасцинантно што успеавме.!“

Neuzeller Klosterbräu сака да го направи своето пиво во прав комерцијално достапно во 2023 година.

Извор:www.thedrinkbusiness.com