Германија: Започна судењето на функционер на десничарската АфД за употреба на нацистичка парола

47
Wahlabend Thüringen

Бјорн Хоке, лидерот на регионалниот огранок на германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD), му се суди за употреба на нацистички поздрав.

Тој планира да се кандидира на регионалните избори за неколку месеци и да стане гувернер на покраината Тирингија.

На почетокот на судењето во градот Хале, беше прочитано обвинението во кое се вели дека за време на говорот на партискиот митинг во градот Мерсург во мај 2021 година, тој изговорил „Сите за Германија“, што беше слоганот на СА (Sturmabteilung – Нападна дивизија) – паравоена организација на нацистите, партијата која одигра клучна улога во доаѓањето на Адолф Хитлер на власт.

Примарната цел на СА, чии членови беа наречени „кафеави кошули“ поради нивната униформа, беше во 1920-тите и 1930-тите, обезбедување на нацистички собири, попречување на активностите на спротивставените партии, особено на Комунистичката партија на Германија и на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), заплашувајќи ги Ромите, синдикалците и Евреите.

Сепак, Хок тврди дека „Сите за Германија“ е „секојдневна изрека“, а неговите адвокати негираа дека е „криминално релевантно“ тоа што го кажал.

Обвинителството тврди дека тој тоа повторно го кажал на митинг на АфД на 12 декември во градот Гера во Тирингија.

Според германските закони, употребата на симболот на „неуставни организации“ се казнува со парична казна или со затвор до три години.

До 14 мај, Хоке ќе присуствува на уште четири судски рочишта.

Пред почетокот на судењето, неколку стотици демонстранти се собраа пред зградата на судот со транспаренти „Бјорн Хоке е нацист“ и „Стоп за АфД“.

Огранокот на АфД во Тирингија, на чело со Хоке, се смета од домашната разузнавачка агенција на Германија за „докажана десничарска и екстремистичка“ група.

Хоке еднаш го нарече споменикот на жртвите на холокаустот во Берлин „споменик на срамот“ и ја повика Германија да направи „пресврт од 180 степени“ од сеќавањето на своето минато.

Анкетите во последните месеци покажаа дека АфД е втора по популарност зад водечката конзервативна опозиција, а таа партија е особено силна на истокот на земјата, каде што имаше социјалистичка Германска Демократска Република под контрола на Советскиот Сојуз.