Герасимовски: Ревидирање на сите ДУП-ови во Центар, повеќе градинки, паркови и игралишта, помалку бетон

56

Овие избори не се исторски, но изборот може да има историски полследици! ВМРО-ДПМНЕ е пуштено „на најјако“ со пропагандата на лажни вести. Со тоа и тие самите се лажни. Но, ние во Центар ги издржавме шамарите, ќе ги идржиме и лажните вести, рече заменик-претседатеката на СДСМ, Сања Лукаревска од митингот на СДСМ во општина Центар, промовирајќи го кандидатот за градоначалник, Горан Герасимовски.

Осврнувајќи се на програмата на политичкиот опонент ВМРО-ДПМНЕ, Лукаревска потсети дека тие зборуваат за промени, но рече дека промените се одамна почнати и дека од нив нема враќање.

-Зборуваат за иднина, но за нив иднина е само ако тие се во неа. Ако се вратиме во нивната иднина, оваа земја тешко ќе преживее, зборуваат дека ова се навидум локални избори, не ова се вистински, како и нивната политичка пропаст, истакна Лукаревска.

Таа потсети на одговоноста како одлика на партијата, но и дека сега сите заедно, како што рече, имаме одговорност да не дозволиме да се врати режимот од „белата палата“.

-Овие избори не се исторски, но изборот може да има историски полследици зашто ние во Центар тоа го чуствуваме многу добро, со години наназад, а доказ за тоа е скапиот кафез „Скопје 2014“. Затоа, без двоумење треба да гласаме за бројот 12, сега е време за најдоброто, а тоа е овој скоромен и чесен човек Гооран Герасимовски, како и советничката листа на СДСМ, истакна Лукаревска.

Според Герасимовски, ВМРО-ДПМНЕ знае дека нема шега со центарци.

-Покажавме дека сме сигурни во својот избор. Центарци секогаш биле цврсти во ставовите по сите прашања. Со нас нема шега, ВМРО-ДПМНЕ тоа најдобро го знаат. Центарци докажаа дека кога се сигурни во својот избор, тие се подготвени да одат до крај, како за време на режимот во 2013 година, рече кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и коалицијата, Горан Герасимовски на триибината „Најдоброто за мојата општина“.

Тој додаде дека е свесен за одговорнсота и работата што ја бара позицијата градоначалник и кажа дека не се бори за фотелја, туку за похуман центар.

-Јас како градоначалник и новите советници имаме конкретен план за подобрување на квалитетот на живот во Центар. Знаеме точно што им треба на жителите на секое маало и јас и мојот тим ќе работиме според приоритетите одредени од граѓаните. Општината ќе ја развиваме заедно со нив, имајќи ги предвид специфичните потреби на секоја населба, нагласи Герасимовски, додавајќи дека општината ќе се грижи за најмладите и дека ќе се изградат две нови градинки, во Пролет и во Маџир Маало.

Тој најави ихуманизација на јавниот простор и подобрување на инфраструктурата, со фокус на велопатеките и обезбедување паркинг места.

– Ќе ги ревидираме сите ДУП-ови, а урбанизацијата ќе ја водиме заедно со граѓаните. Ќе имаме хуманизација на јавниот простор – повеќе градинки, паркови и игралишта, а помалку згради и бетон. Фокусот во наредните четири години во оваа општина ќе биде чистата животна средина, подобрување на јавната хигиена во општината и обнововување и ослободување на зелените површини во центарот. Ќе се гради мала општинска административна зграда, а просторот каде што се сега поставени бараките на Општината ќе биде ослободен. Овој дел ќе биде хорикултурно уреден и ќе биде поставени модерна урбана опрема. Исто така ќе се обезбеди пристап и ќе се реставрира портата на старата учителска школа, кажа Герасимовски на триибината „Најдоброто за мојата општина“.