Гвардиола смисли план како да му се одмазди на Реал (М)

771
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Поминаа повеќе месец дена откако Реал (М) на „Итихат“ изведе подобри пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и го елиминира бранителот на тронот, англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.

Интересно, од Шпанија пристигнуваат вести дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, подготвил некаква одмазда кон „Кралевите“ за елиминација, и ќе го ангажира играчот кој е столб во тимот на Карло Анчелоти.

Реал (М) има голем број одлични играчи во своите редови и нема место за сите, но кога ќе одговорат на задачата одлично си ја вршат работата. Таков е и случајот со Ферланд Менди.

Францускиот лев бек беше одличен на „Итихат“ и со одлична игра го „купи“ Гвардиола кој има намера бесплатно да го доведе во својот тим.

Договорот на Менди со Реал (М) истекува во летото 2025 година и тој наводно не сака да потпише нов иако Карло Анчелоти го одобрил неговиот престој.

„Кралскиот клуб“ веќе напорно работи на доведување на Алфонсо Дејвис од Баерн (М) и тоа е една од причините поради која поранешниот фудбалер на Лион повеќе не се гледа на „Бернабеу“.

Откако во претходните сезони играше лошо главно поради проблемите со повредите, Менди е навистина одличен оваа сезона, што го покажа и против Сити.

Минатото лето беше во толку лоша форма што дури ни Саудијците не го сакаа во своите редови, но сега е сосема поинаква приказната.

Перез веќе го отпиша, сакаше по секоја цена да се ослободи од него, поради што беше доведен Фран Гарсија, но Французинот успеа да остане во тимот.

Во Мадрид пристигна во 2019 година, кога беше платен дури 48 мил. евра, а интересно е што почна да игра како што треба токму кога му завршува договорот.