Времен режим на сообраќај на улицата „Орце Николов“

41

Во текот на утрешниот ден ќе се санира кружниот тек во Дебар Маало на улица „Орце Николов“, поради тоа од 8 до 15 часот ќе има времен режим на сообраќајот.

Од Општина Центар информираат дека сообраќајот ќе се одвива од улица „Коле Неделковски“ до улица „Ленинова“ во една насока.

Општина Центар апелира сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот сообраќај во текот на денешниот ден.