Врачени наградите на најдобрите спортисти во Охрид во 2021 година

337

Општина Охрид вечерва на свечена церемонија ги додели наградите на најдобите поединци и спортски клубови од градот за 2021 година.

Атлетичарот Дејан Ангелоски ја понесе наградата за спортист на годината за одлични резултати на разни меѓународни натпреварувања со кои неколку години со успех го претставува градот Охрид и Македонија.

Наградата за спортска легенда за посебни заслуги во спортот постхумно беше доделена на Алексо Огненовски, основач на боксерскиот клуб во Охрид.

Наградата во категоријата спортски подвиг на годината му беше доделена на Марко Пејчиновски.

Наградата за спортска надеж во машка и женска конкуренција им припадна на каратистот Симон Петрески, а во женска конкуренција на атлетичарката Јана Димоска.

Најдобар спортист од друго населено место или странец кој настапува во екипа од Охрид е атлетичарот Јован Стојоски, додека за најдобри охридски спортисти кои настапуваат надвор од градот се прогласени кошаркарите Петар Бошалески и Габриела Модева.

Наградата во категоријата – спортска екипа на годината ја доби Градскиот ракометен клуб Охрид.

Пригодната церемонија беше збогатена со премирна проекција на извадоци од документарниот филм во продукција на OhridNews „100 години фудбал во Охрид“, посветен на најзначајните моменти во историјата на фудбалот на градот.