EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Голема бура во јавноста предизвика последната изјава на хрватската атлетичарка Сандра Перковиќ околу допинг-контролите. Олимписката шампионка во фрлање диск од Игрите во Лондон во 2012 година и оние во Рио де Жанеиро од 2016 година детално ја опиша процедурата поврзана со допинг-контролите, при гостување во емисијата „Вечерњи лист“.

  • Имаме специфична допинг-контрола, која се спроведува во атлетиката, затоа што е индивидуален спорт. Многу е важно сите да сме чисти, да настапуваме… Минатата година бев тестирана повеќе од 60 пати! Тоа значи дека секој четврти или петти ден ти доаѓаат дома и ти земаат урина или неколку пати годишно ти земаат крв за испитување и споредуваат дали има некакви промени во крвта. И така, постојано се случува ова – истакна Перковиќ.

Потоа сликовито ја опиша целата ситуација.

  • Луѓето доаѓаат во куќата и велат: „Добар ден, добар ден, Александра…“ Вратата се отвора, ти ги спушташ гаќите. Тоа, на пример, е интересно. Сите мои пријатели прашуваат: „Те гледаат додека мочаш?“, јас велам: „Да“. Те гледаат за да не мамиш. Тоа започнува наутро, а најголемиот проблем е што тие се таму додека не го направиш тоа. На пример, најлошото нешто што може да биде е ако отидете да мочате по натпреварот, а потоа ве извлечат. Доаѓаат и ти ги даваат хартиите дека си извлечен за допинг-контрола. Те носат во таа соба и по натпреварот, испотен, си ја исфрлил количината урина што си ја имал и чекаш таму со нив два-три часа. И не смеете да пиете многу вода за да не ја разредите урината. Тоа е најгрдиот дел од мојот спорт – додава златната олимпијка.