Јапонските научници открија нов вид орхидеи, чии нежни розови и бели цветови наликуваат на стакло.
И покрај нејзиното присуство во парковите и градините низ Јапонија, на истражувачите од Универзитетот Коби им беа потребни десет години да потврдат дека растението (spiranthes hachijoensis), понекогаш наречено „женска плетенка“ поради сличноста со прамени коса, е претходно непознат вид.
„Беше изненадување да се открие нов вид орхидеја, која е толку вообичаена што може да се види во парковите, градините и меѓу саксиите со цвеќиња“, вели истражувачот Кенџи Суетсугу.
Според него, растението има нежни цветови кои наликуваат на стаклени предмети и е одамна ценет цвет.
Растението со своите спирални цветови се споменува дури и во најстарата јапонска антологија на песни „Манџошу“, која датира од осмиот век.