По повод 50 години од основањето на театарот „Чекори“ и 80-годишнината од раѓањето на основачот Боре Ангеловски, на 25 февруари (недела) во 20 часот, во Домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда, премиерно ќе биде изведена претставата „End&Start game“. Претставата е работена според делото „Крај на играта“ од Семјуел Бекет, во режија на Снежана Коневски-Руси.
Улогите ги толкуваат: Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Маја Ѓурчевска и Никола Димевски.
Картите ќе можат да се набават на влезот, пред почеток на претставата, по цена од 250 денари.